Wiki.mk:Услови на употреба

Од Wiki.mk

Скокни на: содржини, барај
Оваа страница документира официјално начело на Wiki.mk, општоприфатен стандард што сите уредувачи треба да го следат. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за Вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Внимание!

mk: Оваа страница е превод на официјалните услови на употреба на Фондацијата. Оригиналот може да биде виден на http://wikimediafoundation.org/wiki/Terms_of_Use. Условите на тоа мрежно место не смеат да бидат модифицирани. Имајте предвид дека ако постои несогласност помеѓу тие услови и било кој превод во друг јазик (вклучувајќи го и овој превод), преседан зема англиската јазична верзија.

en: This page is a translation of the official Foundation terms of use. The original can be seen at http://wikimediafoundation.org/wiki/Terms_of_Use. Those site terms are not to be modified. If there is any inconsistency between these terms and any translation into other languages (including this translation), the English language version takes precedence.
„Замислете свет во кој секое човечко суштество може слободно да го дели збирот на сето знаење. Тоа е нашата посвета.“ — Изјава за визијата на фондацијата Викимедија

Содржина

Информација за текстуалните корисници

За да расте заедништвото на слободно знаење и слободна култура, сите корисници кои придонесуваат на проектите на Викимедија се задолжени да овозможат широки дозволи до општата јавност за слободна редистрибуција и реупотреба на нивните придонеси, сè додека употребата има препишана заслуга и истата слобода за редистрибуција и реупотреба важи на било кое дело кое настанало од оригиналното. Според тоа, за било кој текст за кој ги држите авторските права, со неговото поднесување се согласувате дека го лиценцирате под Creative Commons Attribution/Share-Alike License 3.0 (Unported). Заради компатибилност, Вие сте исто така задолжени да ги лиценцирате под GNU Free Documentation License (без непроменливите делови, без текстот на предните корици, и без текстот на задните корици.). Рекорисниците можат да изберат со која лиценца(и) да работат. Ве молиме земете предвид дека овие лиценци дозволуваат комерцијални употреби на Вашите придонеси, сè додека таквите употреби се согласни со условите.

Како автор, Вие се согласувате да добиете заслуга преку еден од овие начини: а) преку хиперврска (каде што е тоа можно) или URL до статија или статии до кои имате придонесено, б) преку хиперврска (каде што тоа е можно) или URL до алтернативна, стабилна онлајн копија која е слободно пристапна, што се согласува со лиценцата и која овозможува заслуга до авторите на начин кој е еквивалентен на заслугата дадена на ова мрежно место, или в) преку листа на сите автори (било која листа на автори може да биде филтрирана за да ги исклучи многу малите или неважните придонеси.).

Увезување на текст:
Ако сакате да увезете текст кој го имате пронајдено на друго место или го имате под коавторство со други, Вие смеете тоа да го направите само ако е достапен под услови кои се согласни со CC-BY-SA лиценцата. Не мора да осигурувате или да гарантирате дека увезениот текст е достапен под ГНУ-овата лиценца за слободна документација (GNU Free Documentation License — GFDL). Покрај тоа, Ве молиме забележете дека не можете да увезете информации кои се достапни само под GFDL. Со други зборови, можете да увезете текст кој е (а) лиценциран со една лиценца под услови согласни со лиценцата CC-BY-SA (б) двојно лиценцирано со GFDL и со друга лиценца компатибилна со CC-BY-SA лиценцата. Ако увезувате текст под компатибилна лиценца која бара давање заслуга, Вие морате, на разумен начин, да дадете заслуга на авторот/авторите. Онаму каде што таква заслуга се дава само преку страниците на историите (како на пример, Викимедија интерно копирање), доволно е да се даде заслуга во описот на промените кој е зачуван во историјата на страницата при увезувањето на текстот. Без разлика на лиценцата, текстот кој го увезувате може да биде одбиен ако бараното давање на заслуга се смета за премногу наметливо.

Информација за учесниците што придонесуваат со нетекстуални медии

Нетекстуалната медија на проектите на Фондацијата Викимедија се достапни под различни лиценци кои ја поддржуваат целта на дозволување неограничена повторна употреба и дистрибуција. Барањата за такви лиценци се дадени во Правилото за лиценцирање на фондацијата Викимедија (Wikimedia Foundation Licensing Policy). Индивидуалните заедници можат да елаборираат за нив и да ги рефинираат овие барања.

Информација за користење на други места

Содржините од проектите на Викимедија можете слободно да ги употребувате на други места, со исклучок на содржина која е дадена под „фер употреба“ исклучоците или слични исклучоци од законот за авторско право. Ве молиме следете ги следниве напатствија:

Реупотреба на текст:


Дополнителна достапност на текст под ГНУ-овата лиценца за слободна документација:
Заради причини поврзани со компатибилноста, било која страница која не вклучува текст кој е ексклузивно достапен под условите на CC-BY-SA или на CC-BY-SA-компатибилна лиценца е исто така достапен под условите на GNU Free Documentation License. За да утврдите дали една страница е достапна под GFDL, погледнете ја долната маргина на страницата, историјата на страницата и страници за дискусија за давање заслуга на еднолиценцирана содржина која не е GFDL-компатибилна. Целиот текст издаден пред 15 јуни 2009 беше издаден под GFDL и можеби ќе мора да ја користите историјата на страницата за да вратите содржина пред тој датум за да осигурате компатибилност со GFDL.

Надворешна употреба на нетекстуални медии:
Онаму каде што не е означено на друг начин, нетекстуалните медиски податотеки се достапни под различни лиценци за слободна култура, согласно Правилото за лиценцирање на фондацијата Викимедија. Ве молиме видете ја страницата за објаснување на медиумот за детали за лиценцата на било која конкретна медиска податотека.

Преседан на англиски поими

Поимите на ова мрежно место не смеат да бидат модифицирани. Ако постои несогласност меѓу овие поими и било кој превод во друг јазик, англиската јазична верзија зема преседан.

Лични алатки
Именски простори
Варијанти
Дејства
Навигација
Локални заедници
За проектот
Алатник