Wiki.mk:Политика за приватност

Од Wiki.mk

Скокни на: содржини, барај

Фондацијата Метаморфозис, автор на проектот Вики.мк, е посветена на заштита на приватноста и интегритетот на личните податоци со кои доаѓа во контакт во текот на своето работење. Во овој документ за применета политика за приватност (privacy policy) се назначени видовите лични податоци кои ги примаме и собираме при користење на веб-сајтот www.wiki.mk, како и некои од чекорите кои ги преземаме за нивна заштита.

Ве молиме внимателно прочитајте ја оваа Политика за приватност. Вашето користење и/или регистрација на кој било дел од веб-сајтот значи прифаќање на оваа Политика за приватност. Оваа Политика за приватност не опфаќа информации собрани на други места, вклучително, но не ограничувајќи се на информации собрани офлајн и на веб-сајтови до кои се поставени линкови на веб-сајтот.

Применетата политика за приватност на веб-сајтот Вики.мк се заснова на Законот за заштита на лични податоци на Република Македонија. Во електронска форма, пречистениот текст на Законот (ПДФ) може да се симне од веб-сајтот на Дирекцијата за заштита на лични податоци на РМ (dzlp.mk).


Основни одредби

  • Сите лични податоци под контрола на веб-сајтот Вики.мк се добиени доброволно, преку експлицитна согласност на нивните сопственици, или од трети страни кои ја имаат добиено согласноста на сопствениците за таа намена.
  • Личните податоци под контрола на веб-сајтот Вики.мк се користат само за намената за која се собрани, а доколку има потреба да се искористат и за други цели, тоа се прави само со експлицитна дозвола од нивните сопственици.
  • Политика на веб-сајтот Вики.мк е записите кои содржат лични податоци да се уништуваат/бришат по истекот на рокот за нивно чување, доколку е определен со договор или закон, или по завршувањето на проектот во рамки на кои биле собрани.
  • Податоците кои се прибираат автоматски преку веб-сајтот Вики.мк се користат само за статистички потреби, а не и за следење на активноста на поединечни корисници.
  • Во случај на криминална истрага, Фондацијата Метаморфозис се придржува до важечките закони на РМ и податоците собрани со активноста на веб-сајтот се достапни на органите на прогон само со валиден судски налог, со исклучок на случај на злоупотреба на нејзин информациски систем или веб-сајт, кога логовите може се испитуваат и анализираат и во предистражната постапка.


Користење колачиња (кукија)
Веб-сајтот Вики.мк користи колачиња или кукија (cookies) во следните случаи:

  • За спречување на двојно гласање при пополнување на анкети. Во моментов на веб-сајтот нема активни анкети. Рок на траење на ваквите колачиња е до истекот на анкетата.
  • При најавување на корисници во делот заштитен со налог и лозинка, кој не е јавен. Рок на траење на ваквите колачиња е до истекот на тековната сесија.


Серверски логови
За веб-сајтот Вики.мк соодветниот веб-хостинг провајдер води логови на серверот, во кои се запишува IP адреса, разгледувач, оперативен систем, датум и време на пристап, реферер (претходно посетена веб-адреса) и преземена датотека од сајтот, за секоја таква операција. Со овие логови се постапува во согласност со општите одредби, или индивидуалната политика за приватност на провајдерот, кој е задолжен да постапува во рамките на Законот за заштита на личните податоци и Законот за електронски комуникации на РМ.

Според важечките прописи во РМ, правните лица кои обезбедуваат интернет-услуги се должни да ги чуваат податоците за сообраќајот (содржани во серверските логови) минимум 24 месеци по нивното создавање со цел да бидат на располагање на соодветните истражни органи, во постапка регулирана со закон.

Хостинг сервисот за веб-сајтот www.wiki.mk го обезбедува компанијата WebFaction. За сите дополнителни прашања можете да ги контактирате.


Јавна и соработувачка природа
Сите портали на Вики.мк се заеднички развиени од нивните корисници преку софтверот МедијаВики. Секој со интернет пристап (и кој не е на друг начин спречен) може јавно да ги уредува страниците кои можат да се уредуваат на овие портали кои се дел од Вики.мк со најавување како регистриран корисник. Правејќи го ова, уредувачите создаваат издаден документ и јавен дневник за секој додаден, исфрлен или променет збор. Ова е јавен акт и уредувачите се препознаени јавно како автори на таквите промени. Сите придонеси направени на еден портал и сите јавно пристапни информации за овие придонеси се неотповикливо лиценцирани и можат да бидат слободно копирани, цитирани, повторно употребувани и прилагодени од трети лица со малку ограничувања.

Корисниците исто така можат да вршат и меѓусебна интеракција надвор од сајтовите на Фондацијата, преку е-пошта, IRC или друг вид инстантна комуникација или преку независни мрежни места. Тие треба да ги проценат можните ризици и нивната лична потреба за приватност пред да ги користат овие начини на комуникација.


Кориснички сметки и авторство
Корисниците кои се регистрирани се препознаени преку нивното избрано корисничко име. Тие одбираат лозинка која е тајна и се користи за проверување на интегритетот на нивната сметка. Освен ако е дојдено до степен да се бара од законот, ниту едно лице не треба да открие, со или без намера, лозинки на кориснички сметки и/или колачиња (cookies) генерирани за препознавање на корисникот. Откако еднаш ќе се создадат, корисничките сметки не се отстрануваат. Можно е корисничкото име да биде променето. Вики.мк не гарантира дека определено корисничко име ќе биде променето при барање.


Историја на страницата
Уредувањата на другите придонесувачи на некој портал и неговите статии, кориснички страници и страници за разговор се општо задржани засекогаш. Отстранувањето на текст од некој портал не значи трајно бришење. Обично во рамките на порталите секој може да ги гледа претходните верзии на некоја статија и да види што имало таму. Дури и кога статијата е „избришана“, определени корисници доверени со повисоко ниво на пристап сè уште можат да видат што било отстрането од јавниот поглед.


Кориснички придонеси
Корисничките придонеси се исто така собрани и јавно пристапни. Корисничките придонеси се собрани според нивната регистрација и статусот на најава. Податоците за корисничките придонеси, како на пример времето на уредување и бројот на уредувања кои ги направиле, се јавно видливи преку листите за кориснички придонеси и се собрани во форми издадени од други корисници.


Уредување на порталите
Уредувањата на страниците на порталите се препознаваат преку корисничкото име на уредувачот и историјата на уредувања е собрана по автор во листа на придонеси. Таквите информации ќе бидат трајно достапни на порталите.


Дискусии

  • на вики страниците за дискусија:

Секоја страницица подлежна на уредување теоретски може да биде локација на дискусија. Општо, дискусиите на порталите на Вики.мк се одвиваат на корисничките страници за разговор (поврзани со определени корисници), на страниците за разговор на статиите (поврзани со определени статии) или на страници специјално означени како форуми (на пр., Страница за дискусија). Очекувањата за приватност на страниците за дискусија важат на истиот начин како што важат и секаде.

  • преку е-пошта:

Корисниците не се задолжени да овозможат е-поштенска адреса кога се регистрираат. Корисниците кои ќе овозможат валидна е-поштенска адреса можат да овозможат другите најавени корисници да им пратат пошта преку викито. Кога се прима пошта преку овој систем, сопствената е-поштенската адреса не е прикажана. Кога се праќа пошта до други корисници, сопствената е-поштенска адреса е прикажана.

Е-поштенските адреси наведени во корисничките нагодувања можат да бидат искористени за комуникација. Корисниците чии сметки немаат валидна е-поштенска адреса нема да можат да постават нова лозинка доколку претходната е изгубена. Во таква ситуација, корисниците можат да контактираат некој од администраторите на Вики.мк да вметне нова е-поштенска адреса.


Е-пошта и мејлинг-листи
Податоците кои посетителите ги испраќаат доброволно преку е-пошта се сметаат за службена тајна и се чуваат во согласност со општите одредби и правилата и прописите за архивско работење. Тука спаѓаат и нивната адреса за е-пошта, име, презиме, поштенска адреса, телефон, фотографии итн.

Запишувањето на мејлинг-листите на Вики.мк е исклучиво на доброволна основа. Согласноста на членовите се обезбедува преку автоматско барање потврда за запишување во мејлинг-листата по внесувањето на нивната адреса за е-пошта во списокот преку веб-сајтот.

Членовите на мејлинг-листите имаат можност во секое време да се откажат од членството преку соодветен автоматски механизам, преку кликнување на линк кој е наведен во секоја порака за е-пошта од листите, или преку контактирање на персоналот на Фондација Метаморфозис во било која форма.


Контакт
За сите прашања поврзани со Вашите лични податоци складирани од страна на Фондацијата Метаморфозис преку Вики.мк, обратете се директно до канцеларијата преку info@wiki.mk или преку нејзините официјални контакт-податоци:

Фондација Метаморфозис
ул. „Апостол Гусларот“ бр. 40
1000 Скопје, Македонија

е-пошта: info@metamorphosis.org.mk
тел/факс: +389 (0)2 3109 325

Лични алатки
Именски простори
Варијанти
Дејства
Навигација
Локални заедници
За проектот
Алатник