Wiki.mk:За Wiki.mk

Од Wiki.mk

Скокни на: содржини, барај

Wiki.mk e веб-сајт за споделување содржини за Македонија.


Проектот во рамките на кој е создаден овој веб-сајт, има за цел да го надополни недостигот од информации од локално значење – во повеќе општини во Македонија, на пример, единствен извор за информации се веб-страните на локалната самоуправа, кои ретко се ажурираат.


Освен тоа, недостигаат веб-простори за заедничка комуникација. Поаѓајќи од успехот на слободната енциклопедија Википедија, како и некои локални вики-портали (на пр. WikiManche), Фондацијата Метаморфозис сака да ја промовира вики-технологијата како евтино и ефикасно решение за овие проблеми и поради тоа го создаде Wiki.mk, кој опфаќа поставување повеќе вики-портали непосредно достапни на локалните заедници.


Овој проект се реализира во соработка со Викимедија Македонија, која е задолжена за техничката реализација и за теренските подготовки, како и со повеќе други невладини организации на локално ниво. Конкретни уреднички насоки на вики-порталите ќе дадат невладините организации, кои ќе ги администрираат проектите на локално ниво.


На долг рок, проектот wiki.mk има за цел да ја подигне јавната свест за активно граѓанско учество преку нови технологии, преку јакнење на капацитетот на невладините организации и активисти(индивидуалци и неформални групи) за нивно користење, со цел да се промовира вики-култура на слободно споделување знаења и слободна соработка, како и до зголемување на внатрешната кохезија на македонското општество и забрзување на неговата интеграција во ЕУ.


Wiki.mk се базира на слободна платформа. Соработката и придонесувањето се клучни. Приклучете се и вие доколку сакате да придонесете за вашиот град. Почнете, регистрирајќи се!

Лични алатки
Именски простори
Варијанти
Дејства
Навигација
Локални заедници
За проектот
Алатник