Разговор:Главна страница

Од Wiki.mk

Скокни на: содржини, барај
Знаме на Мијаците
Галичник денес

Галичник е село во западниот дел на Република Македонија. Се наоѓа на падините на планината Бистра, во центарот на Мијачкиот регион. Галичник е туристичка атракција поради неговата автентична архитектура, богатото културно наследство и восхитувачките пејзажи.Галичник денес


Содржина

Етимологија на името

Првата варијанта за потеклото на името „Галичник“ вели дека тоа е изведено од името на реката Галик која тече близу до Солун. Втората варијанта вели дека тоа е наречено Галичник по големиот број на „диви кокошки“ - галици, кои живееле на месноста над сегашната црква Св. Петар и Павле, која има јужна диспозиција.


XVI-XVII век

Знаме на Мијаците

Вториот период на Галичник е турското владеење. Иако имало обиди за исламизирање на населението, тоа останало христијанско, во голема мерка благодарение на лидерството на Томо Томоски. Томо Томоски е најпознатиот првенец на селото на преминот од 17 кон 18 век. Заради експанзијата на немакедонското население во денешна Албанија, Знаме на Мијаците од 15 век што и било поттикнувано од турската власт, во Галичник од 15 до 18 век постои континуирано доселуваање.

XIXвек

Во 19 век, благодарение на доселувањето, високиот наталитет, но и поволните економски услови за сточарство, Галичник е веќе мал град. Турски патеписци зборуваат за Галичник во 18 и 19 век за битен економски центар, не само за регионот, туку и на империјата. Кон крајот на 19 век, Галичник бил поголем и од Гостивар. Јордан Хаџи Константинов-Џинот во втората половина на 19 век вели дека селото имало 500 куќи. Ако се земе дека во една куќа би живееле во просек 8 луѓе, тогаш бројот на населението би се движел околу 4000. Галичник во овој период има значително културно влијание во европскиот дел на Турската империја, главно преку своите преродбеници: Партенија Зографски, Ѓорѓија Пулевски, Макарија Фрчкоски, Панајот Гиновски и др.

XX век

Галицник во 1908 година

Третиот период во историјата на Галичник е од 1912 до денес. Балканските војни делувале негативно на овчарството, затоа што со Грчката окупација било оневозможено зимување на овците во Егејска Македонија. Сепак, оваа дејност, почнала да стагнира уште во 19 век. Се поголем дел од мажите оделе во печалба, каде се специјализирале во разни занаети: млекарство, пекарство, Галичник, 1908слаткарство итн. Во 1930-тите, галичките печалбари веќе имале насобрано големо богатство, а некои од нив биле и милионери во тогашни американски долари. Пример за вакви успешни бизнисмени биле Васе Чоланчески, Софре Лоноски, Аврам Лоноски и Огнен Алаутоски.

Се наоѓа на падините на планината Бистра, во срцето на регионот на Мијачкото племе, околу 10 километри до вештачкото Мавровско Езеро и ски-центарот Заре Лазарески. Се наоѓа на надморска височина од 1270 до 1450 метри и е опкружен со пасишта. Познато е по „Галичката свадба“, традиционална и јавна летна свадба, што се одржува секоја година на селската слава - Петровден. За време на свадбата, се игра „Тешкото“ оро - што го симболизира надминувањето на тешкотиите во животот.

Демографија

Во почетокот на XX век во Галичник живееле околу 3300 жители.[1] Во наредните години бројот на населението на селото Галичник ја надминувало и бројката од 4000 жители. Поради силните миграциони процеси кои го зафатиле Галичник, според пописот од 2002 година, се забележани само 3 постојани жители. Во табелата во продолжение е прикажан бројот на населението во селото во одделни периоди:

Година Број на населеније
1912 3300
1955 4000
2002 3



Галичка архитектура

Прозорците на галичките куќи биле историски релативно рано застаклени. Тиe имаат различна големина. Колку се пониски, толку се помали. Ниските прозорци се заштитени со железни решетки. Куќите имаат по две до три влезни врати коишто се обрабени со делкани камења, кои им даваат уникатна привлечност. Првобитните куќи биле сламеници,== Наводи == [1]Томоски и Брезовски -„Галичка архитектура“

кои биле градени од кршен камен и покривани со слама, и имале приземје и кат. Приземјето бил тремот. Куќите кои денес можат да се видат во Галичник се главно градени кон крајот на 19 век и на почетокот на 20 век. Ентериерот на галичките куќи е богат со дрвен мебел, иако приматот секогаш бил даван на функционалноста.

Галичка свадба Галичката свадба се одржува секоја година на Петровден, (втората недела од јули). За разлика од порано, кога на Петровден во Галичник се склопувале и по над 40 бракови, денес свадбата има повеќе културно значење и е еден вид кутлурна манифестација.

Денес Галичник живее од мај до октомври кога во него престојуваат над 50 семејства, најмногу пензионери со нивните внуци. Галичник е туристичка атракција заради својата архитектура и природни убавини. Постојат многу неискористени можности за популаризација на туризмот во селото. Хотелот Неда, изграден во 1980 година по заслуга на Велимир Гиновски, тогашен генерален директор на Југохром, нуди можности за добро летување, иако недостасуваат соодветни турискитчки пакети за постителите.

Галички носии

Галичка свадба од 1919 година

Галичката носија, особено „женскта галичка носија“, е една од најпознатите во Македонија. Се одликува со невообичаено богатство на детали. Исклучително е слична со другите мијачки носии од реканскиот крај (Лазарополе, Тресонче, Сушица, Гари итн.). Во женската носија кои преовладуваат белата боја (накај жолта) и Галичка свадба во 1919 година црвената боја. Белите клашнени облеки, украсени со црни гајтани, се главни одлики на „машката мијачка носија“. Ова е условено од климатските и стопанските услови во кои тие живееле (живеат) како сточари во планинските предели на планината Бистра, Стогово, Крчин и Кораб.

Цитати

"...Малубројна по наталитет, многубројна по дух и школувана интелигенција, Мијачијата има преродбенички епицентар во Галичник. Од трите еднопросторни и духовни царства, Мијачијата јазично, етнички, народно и индивидуално материјално и духовно, од своето славно писмено и усмено, фолклорно и уметничко (современо) творештво е најславно, најпрочуено - тоа е простор за кој постојано, и во војна и во мир, сакале да го освојат-присвојат, останало Мијачкото царство, хомогено, изворно, автентично. Понекогаш љубоморно завидно самото на себе, а камоли на други! Галичник. Ремек дело на градителската Мијачка рака-куќи-кули. Пред градот, град....“ — Радован Павлоски

„...Кога од Охрид се оди за Маврови Анови по живо писната долина на бистрата и бучна река Радика, на еден свијок пред Косоврашка Бања се појавува како со нежни бои насликан јапонски параван, планината Бистра, во чие подножје стрмно до Радика се спушта карпа висока речиси километар, а над неа се белеат како птичји гнезда, високи камени куќи, еден дел од Галичник..." —Лазар Личеноски

Користена литература

  1. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  1. Томоски и Брезовски -„Галичка архитектура“


Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори
Варијанти
Дејства
Навигација
Локални заедници
За проектот
Алатник