Портал:Велес

Од Wiki.mk

Скокни на: содржини, барај
уредете  

ВЕЛЕС

Велес е град во Македонија и центар на истоимената општина. Градот се наоѓа во средишниот дел на Македонија, поточно на бреговите на реката Вардар. Велес е шести град по број на жители во Македонија со вкупно население од 43.716 жители. На северозапад од Велес се наоѓа главниот град на Македонија, Скопје, на североисток се наоѓа градот Свети Николе, на исток се наоѓа градот Штип, на југозапад се наоѓа Прилеп и на југоисток се наоѓаат Кавадарци и Неготино. (Прочитајте повеќе...)

уредете  

Избрана статија

Вилазора бил пајонски град од периодот на раната антика. Се наоѓа во Овче Поле; денес локалитетот се вика Градиште, кај селото Кнежје. Зафаќал површина од над 20 хектари. Географската доминација во однос на околното опкружување му наметнува улога на комуникациски репер и раскрсница на патните правци од север кон југ и од исток кон запад, помеѓу границите на тогашна Дарданија, Тракија и Македонија. Античка Билазора како најголем и најзначаен град на Пајонија првпат ја споменуваат Полибиј и Тит Ливиј. Тие укажуваат на нејзината стратешка географска позиција и улога на чувар на северната граница на античка Македонија во одбраната од Дарданците. (Прочитајте повеќе...)

уредете  

Избрана слика

Велес (1863).jpg
Велес во 1863 година
уредете  

Дали сте знаеле?

  • ... дека во 2008 година на локалитетот Вилазора се извршени стручни истражувања?
  • ... дека непосредно пред својата смрт, Кочо Рацин бил уредник на партизанскиот весник „Илинденски пат“?
уредете  

Избрана биографија

Кочо Рацин.jpg

Кочо Рацин (1908-1943) бил македонски книжевен деец и комунистички активист, најпознат по својата поезија. Се смета за еден од основоположниците на современата македонска литература, а неговата стихозбирка „Бели мугри“ (Загреб, 1939) претставува едно од најзначајните поетски дела во македонската современа литература. Освен со поезија, Рацин се занимавал и со проза, а напишал и неколку значајни трудови од областа на историјата, философијата и литературната критика. (Прочитајте повеќе...)


уредете  

Најнови статии

уредете  

Категории

уредете  

Поврзани портали

Лични алатки
Именски простори
Варијанти
Дејства
Навигација
Локални заедници
За проектот
Алатник