Народни носии од Мијачка етнографска целина

Од Wiki.mk

Скокни на: содржини, барај

Мијачката етнографска целина е во склоп на западно Македонската група. Се протега по сливот на реката Радика и нејзините притоки, а завзема и дел од сливот на Црн Дрим. Се граничи со Брсјачка етнографска целина и Горновардарска етнографска целина. Дел од Мијачката етнографска целина и припаѓа на Албанија (Голо Брдо), а голем дел од населението е муслиманско или исламизирано. Во состав на Мијачката етнографска целина спаѓаат следниве етнички предели:

Мијачка носија од Крушево

Постојат и т.н мијачки оази кои се наоѓаат во Брсјачката етнографска целина: (Ореше, Папрадиште-Велешко, Бабуна; Ехловец-Кичево; Смилево-Битолско и Крушево). Се карактеризира со масовни везови на црвена боја на ракавите и предниците од кошулата и бели везови (чикме) на околникот, долги бели горни елементи, богато извезени дарпни, скутини украсени со кит реси и сл.


-Во шарите и дезенот на македонската народна носија, симболично е исткаена и извезена маката на нашите предци.[1]

Содржина

Составни елементи на Мијачката носија

Главна одлика на Мијачката носија е особено богатиот алов и "кинат" - ажуриран вез, кој главно е застапен на женската носија, и тоа главно распореден на ракавите и предниците - "партите" од кошулата. Покрај тоа, уште се одликува со изобилство на реси распоредени речиси низ целата носија, како и со метален накит, кои на оваа облека и придаваат достоинствен и господарствен изглед. Носијата на Мијаците укажува за нивното болјарско (царско) потекло. Особено со такви богати украси на вез, накит и друго, се одликува невестинската носија. Белите клашнени облеки, украсени со црни гајтани, се главни одлики на машката мијачка носија. Ова е условено од климатските и стопанските услови во кои тие живееле (живеат) како сточари во планинските предели на планината Бистра, Стогово, Крчин и Кораб.

Мијачка женска народна носија

Мијачка народна носија од Крушево
Машка мијачка носија

Мијачка машка народна носија

Дебарски Дримкол и Голо Брдо

Дебарски Дримкол претставува мала пределска целина на падините на Јабланица. Меѓу двата региони постои мала разлика во однос на колоритот и орнаментиката во народната носија, која што разлика не е јасно воочлива.


Народна носија од Голо Брдо
Народна носија од Голо Брдо
Народна носија од Голо Брдо

Дебарско поле

Го опфаќа нискиот дел од целокупниот предел и ги има истите карактеристики како останатите предели. Народната носија од Дебарското поле, се карактеризира по тоа што е единствената Македонска носија, која во своите составни елементи, вклучува и капа.

Народна носија од Дебарско поле
Народна носија од Дебарско поле

Река Мијаци

Се дели на повеќе предели; Горна Река, Голема Река и Мала Река. Сите предели го имаат истиот состав на носијата.

Мијачка носија
Мијачка носија

Мавровско поле

Мавровско поле се наоѓа на планината Бистра и е тесно поврзано со Горна Река. Се одликува со мешан состав на населението.

Народната носија од Мавровско Поле се носела во селата околу Мавровското Езеро кое во минатото било поле, а онаа од Горна Река во селата: Бродец, Кракорница, Богдево, Врбен, Трница, Волковија, Тануше, Нистрово и Бибај. Во Мавровско Поле и Горна Река женската носија по своите одлики се надоврзува на носијата од Горни Полог по двете скутини - предна и задна.

Во носијата на жените двете скутини имаат одредени регионални разлики, и по материјалот од кој се изработени, и по начинот на украсување и обликување, а тоа повеќе е изразено кај задната скутина. Во Мавровско Поле скутината е исткаена од темноцрвена волна и надиплена, додека во Горна Река задната скутина е иста како предната - волнена ткаенина, извезена и украсена со рески. Во овој предел се носи и црн опрегач заген, надиплен дуљчен за празници и раздуљчен за секој ден. Предната скутина опрегач преен, праштељка, паштерка, е од црвена волнена ткаенина, со извезени вегетабилни мотиви. Спецификата на извезени растителни мотиви на скутините е карактеристика само на овие предели.

Другите облеки од женската носија - долама, џамадан, се од клашнени или кадифени материјали со извонредно богата декорација од аплицирана срма.

Специфичност на носијата од овој регион е обувањето на нозете со три елементи на чорапи: калчини, чулки - чорапи без стопала, и тозлуци - ногавици од клашна - со срмени украси. Се облекуваат сите заедно и чинат едни ноги.[3]

Народна носија од Мавровско поле

Наводи

  1. ИНПРЕС, Охрид, 31 јули
  2. Народна носија, Лазарополе блог
  3. Македонска народна носија - Мавровско Поле (Macedonian Documents)

Користена литература

Надворешни врски

Lazaropole,blog

Говорот на Дебарски Дримкол

Маврово

Лични алатки
Именски простори
Варијанти
Дејства
Навигација
Локални заедници
За проектот
Алатник