Велешко езеро

Од Wiki.mk

Скокни на: содржини, барај

Содржина

Општи карактеристики

Велешкото езеро или Езерото Младост се наоѓа на 7 километри северозападно од Велес, во долината на реката Отовица. Акумулацијата на ова езеро е завршена во 1962 година. Површината на езерото изнесува 52 хектари, со зафатнина од 12 милиони метри кубни вода. Долго е околу 1,6 километри, широко 400 метри, со најголема длабочина од 25 метри. Изобилува со поширок рибен фонд, (што е специфично за вештачките езера), како што се: сом, крап, смуѓ, црвеноперка, белвица, сунчаница, бел и жолт амур, речен рак и речна школка.

Туризам

Езерото кое е најчеста локација за рекреација во летните периоди, исто така се користи и за наводнување на околните лозови насади. Во непосредна близина на браната, поточно на крајбрежјето од северната страна на езерото Младост изградени се неколку објекти: 1 мотел, 1 хотел и уште еден помал хотел во стил на брод:

Со нив езерото започнува да добива обележје на излетничко место, значајно за централниот дел на државата, посебно за време на пролет и лето. Интересот на туристите, најчесто кампери, ја потврдува потребата за дополнување на туристичката понуда со изградба на атрактивни хотелиерски капацитети со што крајбрежниот појас на езерото Младост ќе прерaсне во туристички центар. Во моментов, во тек се подготовки за изградба на сателитска населба и уредување на крајбрежјето на езерото кое е честа дестинација и на љубителите на риболовот. Околината на езерото изобилува со шуми и зеленило што придонесува за неговиот статус на пријатно место за одмор и рекреација. Неговата близина до автопатот кој води од и до Скопје го прави идеално место за развој на транзитниот туризам.


Mladost1.jpg
Mladost2.jpg
Mladost3.jpg

Манифестации

Фестивал на храната на езеото Младост

Хотелот „Романтик“ по втор пат е домаќин на единствениот гастрономски фестивал во Македонија. На брегот од велешкото езеро Младост за две седмици се претставени шест национални кујни од исто толку држави, а на првата вечер, гостите можеа да ја вкусат турската храна. Таа и македонската имаат многу сличности, што беше повод за посетителите со задоволство да ја консумираат обилната храна.

"Македонската и турската храна имаат доста сличности, доста слични зачини, користиме ист зеленчук, јадете многу салати како и ние. И вие уживате во храната, старите блага се топени, како што ги правиме и ние во Турција"- вели Јелчин Манаф, поранешен министер за туризам и претседател на турското здружение на готвачи, кое брои околу две илјади готвачи.

Гостите на вечерта можеа да вкусат тринаесет вида јадења, чобан салата, три вида благо, главно мени беше јагнешко со пилав и пржен пинџур. Се беше подготвено во ресторанот од хотелот, единствено од Истанбул беа донесени благото кадаиф, баклава и топена раванија.
Главната ѕвезда на вечерта, готвачот од „Зафир“, ресторан во Истанбул, не ги препорача за доцните часови познатите турли-тава, полнети пиперки, елбасан тава, мусака, долма-полнети тиквиња, македонски јадења со турско потекло.

"Ова се турски јадења кои се подготвуваат исклучиво за ручек бидејќи се дневно мени, тие се консумираат со лажица, доста се течни. Со нив не може да се пие алкохол, оти тогаш луѓето се на работа и не смеат да пијат. Затоа навечер се јаде риба, скара, се што е пржено месо, со кое оди ракија" - вели Ибрахим Челик, 50 годишен шеф на кујна кој се образовал во Франција, а сега ги учи турските ученици.

Тој зад себе има 37 години успешна кулинарска кариера и ги пофали домаќините кои му подготвиле јунешко филе со сос од горгонзола, кое за волја на вистината не е македонски специјалитет, туку француски.

"Манифестацијата е со цел развој на туризмот, а храната е многу битна и влијателна за привлекување на гостите. На овој начин сакаме да ја промовираме нашата македонска храна бидејќи гостите носат наш материјал, кој се претставува пред тамошната јавност" - вели Руска Ајтова, шеф на кујната на хотел „Романтик“.

Акции

Поради големото значење кое го има езерото, како за граѓаните на Велес така и за сите оние кои сакаат да консумираат постојано уживање, на овој простор се дава големо значење. Во изминатите години се организирани повеќе акции за прочистување на околината, зеленилото, пошумување на нови дрва со цел да се обнови пошуменоста на областа.
Како секој туристички локалитет, така и овој има потреба од овој тип на акции поради поголемиот број на туристи, кампери , друштва кои престојуваат за време на првомајските и друг вид на празници и вообичаено јавното комунално претпријатие Дервен организира акции за чистење на околината после овие поисполнети периоди.

Идни проекти

Во фаза на реализација е сосема нов проект, кој ќе ја зголеми атрактивноста за оваа мала туристичка атракција. Ова е во рамките на реализацијата на проектот за “Изградба на пешачки патеки, хортикултурно уредување и осветлување околу езерата во Република Македонија“. Веќе е објавен е повик за доделување на договор за јавна набавка за изградба на пешачки патеки околу езерата во општините Дојран, Велес, Маврово-Ростуша и Крушево.

"Министерството за транспорт и врски ја презема активноста за изградба на пешачки патеки, а општините ја преземаа обврската за поставување на урбаната опрема и хортикултурното уредување на патеките" – изјави Миле Јанакиевски, Министерот за транспорт и врски, на прес конференција.

Се очекува дека патеката на езерото Младост да биде готова до крајот на јуни 2012 година.

Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори
Варијанти
Дејства
Навигација
Локални заедници
За проектот
Алатник