Велес

Од Wiki.mk

Скокни на: содржини, барај
Поглед на Велес

Велес е град во Македонија и центар на истоимената општина. Градот се наоѓа во средишниот дел на Македонија, поточно на бреговите на реката Вардар. Велес е шести град по број на жители во Македонија со вкупно население од 43.716 жители. На северозапад од Велес се наоѓа главниот град на Македонија, Скопје, на североисток се наоѓа градот Свети Николе, на исток се наоѓа градот Штип, на југозапад се наоѓа Прилеп и на југоисток се наоѓаат Кавадарци и Неготино. Велес има мошне поволна географска положба бидејќи е крастопат на меѓународни патни и железнички правци и еден од поглавните транзитни центри во Македонија.

Содржина

Местоположба

Велес има централна местопололжба во Македонија. Тој претставува значеан сообраќаен јазол каде се вкрстуваат најважните патни и железнички сообраќајни правци на меѓународниот сообраќаен коридор кој ја поврзува Европа со Блискиот Исток и Северна Африка. Градот е сместен во долината на реката Вардар над Велешката клисура на надморска височина од 206 метри.

Демографија

Според пописот на населението од 1994 градот имал 44.149 жители, а според пописот од 2002 година имал 43.716 жители[1] од следните национални припадности:

Националност Број на жители Учество
Македонци 40.269 92,12%
Турци 1.694 3,88%
Роми 799 1,83%
Власи 340 0,78%
Срби 297 0,68%
Албанци 91 0,21%
Бошњаци 36 0,08%
други 190 0,43%
Вкупно 44.149 100%

Култура

Познатиот антички – римски театар кој функционирал во древниот град Стоби пред две илјади години е дел од театарската традиција на овие простори. Традицијата ја продолжува просветителот и преродбеник Јордан Хаџи-Константинов Џинот чии напишани драмски текстови во 1845 година му го обезбедија приматот на основоположник на современиот театарски текст. Во познатиот центар на вековната театарска традиција, во градот Велес, од 1948 година работи професионален театар. Театарот денеска е стожер на културниот живот во Велес, со во просек, шест премиери годишно. Особено внимание кај тетарската публика привлекува постојаната актерска екипа која досега има освоено награди на бројни домашни и меѓународни фестивали. Малубројниот, но компактен ансамбл негува различни театарски жанрови и е носител на активностите за враќање на театарската традиција на сцената во древниот Стоби.

Со цел да се зачува долгата театарска традиција и да се обезбедат услови за работа на новите генерации актери, режисери и сценски уметници, изготвен е проект за изградба на комплексен објект-Центар за култура, во кој ќе биде сместен новиот театар.[2] Повеќе за културните институции во Велес тука.

Стоби

Археолошкиот локалитет Стоби

Античкиот град Стоби бил пајонски, македонски и римски град. Првиот документиран спомен за Стоби потекнува од 197 год. п.н.е., кога на тоа место македонскиот крал Филип V ја поразил дарданската војска. Во изворите каде што римскиот историчар Ливиус го споменува овој податок, Стоби носи епитет на „стар град”. Урбаниот дел на Стоби се наоѓа опкружен со бедеми на вливот на Еригон во Аксиос, денес познати под името Црна река и Вардар. Градот зафаќал мошне важна трговска и воена позиција. Променливите борби на Македонците со северните соседи биле судбоносни за Стоби. Стоби со околината дефинитивно потпаднал под македонска власт во 217 год. п.н.е. за време на владеењето на Филип V.




Велешко кале

Велешко кале

Велешкото кале е тврдина на 2 км јужно од Велес, во речниот теснец на устието на Тополка во Вардар. Изградено е во вид на издолжено плато, горе сосем зарамнето и со стрмни падини, високо 50-60 м над реките. Во јужниот дел на платото се издига мало возвишение, на кое во доцноримско време била изградена мала крајпатна стража. Истражувањата за тврдината потврдуваат дека најголемо значење имала челната кула изградена во форма на петоаголник.

Цркви

Црквата Св. Пантелејмон во Велес

Од досегашните познати историски податоци се дознава дека Велес имал свој епископ за време на Охридскиот архиепископ Хоматијан. Сепак до 1661 г. нема сигурни податоци за другите велешки епископи. Постојат повеќе причини зошто е тоа така: на прво место е влијанието на политичките околности, а потоа, се разбира и црковните состојби во Охридската архиепископија. Епископите често биле присилно сменувани, од кои некои биле само по една година. Но од втората половина на XVII век веќе се познати приличен број имиња на велешки епископи.

Наводи

Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори
Варијанти
Дејства
Навигација
Локални заедници
За проектот
Алатник